IQOS ILUMA УРЕДИ - КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ

Поддршка Често поставувани прашања (FAQ) IQOS ILUMA УРЕДИ - КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ
Поддршка Често поставувани прашања (FAQ) IQOS ILUMA УРЕДИ - КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ

1. Вметнете го специјално дизајнираниот патрон кој се користи за уредите IQOS ILUMA до линијата на филтерот додека држачот не завибрира и светлото/а не пулсира. Греењето започнува автоматски или со притискање на копчето со времетраење од 1 секунда.

2. Може да почнете да го користите уредот штом држачот ќе завибрира и светлата ќе останат фиксирани.

3. За да се сигнализираат последните 30 секунди од употребата или дека се останати последните 2 повлекувања, држачот ќе завибрира со светлото/а што пулсира/ат бело.

4. Фрлете го патронот веднаш откако ќе го употребите, едноставно со отстранување на патронот од држачот и фрлање во согласност со вашите локални прописи за отстранување отпад.

5. Вметнете го држачот во полначот за полнење.

Некои функции и поставки може да се вклучат или исклучат преку апликацијата IQOS, како што се автоматско стартување, функции за прилагодување, заклучување и отклучување на уредот. И не заборавајте да го регистрирате вашиот уред со скенирање на QR-кодот на вашиот уред. Ќе го најдете со отстранување на капакот на вашиот IQOS ILUMA, под футролата на вашиот IQOS ILUMA PRIME или на задната страна на вашиот IQOS ILUMA ONE. Алтернативно, посетете ја страницата iqos.com и следете ги упатствата на екранот.

Постојат неколку начини на кои може да се проверат колку употреби ви останале. Или на самиот држач или со проверка на џебниот полнач со држачот внатре во полначот. Еве како:


Проверка на држачот: навалете го држачот кон вас или накратко притиснете го копчето. Светлата ќе се запалат и ќе го покажат нивото на батеријата. Кога се вклучени 2 светла, тоа значи дека држачот е подготвен за 2 употреби, а 1 вклучено светло значи дека е подготвен само за 1 употреба.


Проверка на џебниот полнач: Кратко притиснете го страничното копче на џебниот полнач со држачот внатре во полначот. Светлото на џебниот полнач ќе се вклучи. 2 светла значат дека држачот е подготвен за 2 употреби и 1 вклучено светло значи подготвено за 1 употреба. Подготвени сте да уживате во искуството со тутун.

Проверката на нивото на батеријата на џебниот полнач е лесно. Само кратко притиснете го страничното копче на џебниот полнач. Светлата за џебниот полнач ќе се вклучат за да го означат нивото на батеријата:


  • • 4 БЕЛИ светла означуваат дека батеријата е целосно наполнета
  • • 3 БЕЛИ светла означуваат до 75% преостаната батерија
  • • 2 БЕЛИ светла означуваат до 50% преостаната батерија
  • • 1 БЕЛО светло означува до 25% преостаната батерија

ЖОЛТИТЕ трепкачки светла што се прикажуваат на држачот: Ова значи дека батеријата е испразнета и држачот треба да се наполни. Тоа е прилично брзо. Времето на полнење на држачот на IQOS ILUMA е:


  • • 1 минута 50 секунди за 0-1 употреба*
  • • 3 минути 25 секунди за 1-2 употреби*
  • • 5 минути 15 секунди за 0-2 употреби*

*Ве молиме погледнете го делот за деградација на батеријата.


ЦРВЕНОТО трепкачко светло на држачот: треба да го ставите држачот во џебниот полнач и да го ресетирате уредот.


БЕЛИТЕ светла трепкаат двапати на држачот: Ова покажува дека вашиот IQOS ILUMA е надвор од опсегот на работна температура помеѓу >0°C/ <40°C.

Да, но само со кабелот за полнење и адаптерот за напојување дизајнирани за IQOS 3 генерации.

За да го олесни вашето искуство, IQOS ILUMA е полн со нови напредни функции.


Автоматско стартување.

Штом правилно го вметнете патронот, Вашиот држач за патрони ќе завибрира за да ве информира дека е започнато автоматско загревање преку технологијата на индукциско загревање.


Проверка на држачот.

Овој паметен гест ви овозможува да проверите колку батерија останува во вашиот држач. Едноставно навалете го држачот кон себе кога не го користите, а светлата на држачот ќе го покажат нивото на батеријата.


Проверка колку искуство останува.

Допрете двапати на вашиот држач и вибрациите ќе покажат колку од вашето искуство останало. На пример:

  • • 3 вибрации: 75-50%
  • • 2 вибрации: 50-25%
  • • 1 вибрација: <25%.

Можете да ги вклучите и приспособите режимите на вибрирање за да ви одговараат, користејќи ја IQOS апликацијата.

Ако вашиот IQOS ILUMA не започне самостојно, тогаш ве молиме:


  • • Проверете дали користите само специјално дизајнирани патрони
  • • Проверете дали се поставени во вистинската насока во држачот
  • • Ставете го држачот во џебниот полнач и направете РЕСТАРТ. За да го направите ова, притиснете и држете го притиснато копчето за џебниот полнач во времетраење од 10 секунди додека светлата не исчезнат. РЕСТАРТ се потврдува кога ќе го ослободите копчето и сите светла трепкаат 2 пати

Ако држачот стартува сам без вметнат патрон, тогаш следете ги следниве чекори:


  • • Ставете го држачот во џебниот полнач и направете РЕСТАРТ. За да го направите ова, притиснете и држете го притиснато копчето за џебниот полнач 10 секунди додека светлата не исчезнат. РЕСТАРТ се потврдува кога ќе го ослободите копчето и сите светла трепкаат 2 пати

Запомнете, можете рачно да го започнете вашето искуство со вметнување на патронот во држачот и притискање на копчето две секунди за да го активирате вашето искуство. Ако сè уште не работи, посетете ја најблиската IQOS продавница и еден од нашите агенти ќе ви го реши проблемот или јавете се во нашиот центар за повици.

Одличната вест е дека чистењето на кожната футрола е лесно. Само земете влажна крпа и нежно избришете ја. За жал, футролите не се покриени со гаранцијата.

IQOS не е без ризик. Ослободува никотин кој создава зависност. Само за полнолетни.