lil SOLID Ez е уред од еден дел, кој е едноставен за користење и овозможува искуство на вистински тутун кој се загрева, и тоа без пепел, оган и чад.


Го загрева тутунот одвнатре со помош на игла од не’рѓосувачки челик што доведува до изедначен вкус.

lil SOLID Ez овозможува:

  • - Изедначен вкус, во 3 последователни консумации
  • - Од 20 до најмногу 25 консумации со едно полнење*

Достапен во 5 нови бои: Black, Mint, Rose Gold, Blue и White.


lil SOLID Ez се користи со патрони од несогорлив тутун дизајнирани исклучиво за овој уред.


*Во зависност од опаѓање на перформансите на батеријата и условите на користење.

Двата уреда, lil SOLID Ez и lil SOLID 2.0 претставуваат алтернативи за пушење цигари.


lil™ SOLID Ez е новата генерација на уредот lil™ SOLID 2.0, уред од еден дел за загревање тутун којшто ни го претставува IQOS™


Клучни подобрувања на уредот lil SOLID Ez:

  • 1. Технологија на загревање – технологија на електроотпорно загревање со игла
  • 2. Нова завршна обработка на уредот – сјаен завршен слој
  • 3. 5 нови бои: Black, Mint, Rose Gold, Blue и White
  • 4. Помал и полесен – lil SOLID Ez од 78,9 g во однос на lil SOLID 2.0 од 99 g
  • 5. Дополнителен чистач – lil SOLID Cleaner Pro за чистење на капакот и делот околу иглата. Се продава одделно.

Серискиот број на уредот lil SOLID Ez се наоѓа под капачето на уредот.

Двата уреди претставуваат системи за загревање тутун одвнатре. Меѓутоа, постојат разлики:


IQOS ORIGINALS

Оригинално искуство

  • - Асортиман на уреди и бои, модерна дополнителна опрема за персонализирање на уредот
  • - Технологија на загревање со сечило

lil™ SOLID Ez Introduced by IQOS™

Едноставен и достапен

  • - Едноставен и практичен, уред во 5 бои
  • - Технологија на загревање со игла

Двете технологии овозможуваат вкус на вистински тутун без оган, чад и пепел.


Вашиот избор ќе зависи од вашите преференции, цели и буџет.


Без разлика дали ќе го изберете lil SOLID Ez или IQOS ORIGINALS, двата производи се без чад и претставуваат подобар избор отколку продолжувањето со пушење.

Важна информација: ова не се производи без ризик бидејќи ослободуваат никотин кој создава зависност.

Новиот уред останува во режим на мирување, освен ако прво не го активирате. За да го активирате уредот, притиснете го копчето во рок од 2 секунди или поврзете го полначот во отворот за полнење.

Додека уредот се активира, ЛЕД-светлото за статус два пати трепнува во црвена, портокалова, светлосина и сина боја, по тој редослед.

Кога уредот ќе биде активиран, ЛЕД-светлото за статус трепери во светлосина боја една секунда, додека истовремено уредот вибрира два пати.

Препорачуваме целосно да го наполните својот нов lil SOLID Ez уред со помош на оригиналниот адаптер за напојување пред првата употреба (2 часа).


Поместете го капакот на горниот дел на уредот и вметнете го патронот од несогорлив тутун. Притиснете го патронот сѐ додека не го допре дното на отворот за вметнување патрони.


За да го активирате уредот, притиснете го копчето во рок од 2 секунди додека уредот не завибрира.

Загревањето на патронот пред употребата ќе трае околу 25 секунди. Траењето на процесот на загревање пред употребата може да се разликува во зависност од опкружувањето во кое се користи уредот.

Кога процесот на загревање на патронот ќе заврши, ќе се вклучи ЛЕД-светлото за статус и уредот истовремено ќе завибрира. Патронот е подготвен за употреба.


Кога уредот ќе завибрира и светлото ќе затрепери, преостануваат уште 30 секунди за консумација или уште 3 вовлекувања до крајот на консумацијата, што и да се случи прво. На крајот на консумацијата, ЛЕД-светлото за статус и уредот автоматски се исклучуваат. Нема потреба да го притискате копчето.


Извлекување на патронот од несогорлив тутун по завршување на консумацијата:
Свртете го патронот во една насока 3 или повеќе пати.
Извадете го патронот од уредот.


Затворете го капакот на уредот за да се спречи навлегување на страни честички.

Може да го користите уредот до 3 последователни консумации, без чекање. По 3 последователни консумации (во рок од 18 минути), уредот автоматски се лади. Почекајте додека да се стабилизира температурата. Ова ќе одземе 3 минути и 30 секунди пред да може да го консумирате следниот патрон.

Накратко притиснете го копчето или вклучете го уредот во електричен штекер со помош на испорачаните УСБ-кабел и струен адаптер за напојување. ЛЕД-светлото за статус ќе покаже колку е наполнет уредот во моментот.


Не мора целосно да се наполни уредот lil™ SOLID Ez за да работи, но препорачуваме целосно да го наполните пред првата употреба.

За да го ресетирате lil SOLID Ez, држете го копчето притиснато 8 секунди, дури и ако уредот завибрира по само 2 секунди. ЛЕД-светлото за статус ќе затрепери два пати во црвена, портокалова, светлосина и сина боја, по тој редослед.


Уредот е целосно ресетиран кога ЛЕД-светлото за статус ќе затрепери во светлосина боја во траење од 1 секунда, а истовремено уредот ќе завибрира два пати.

Важно е да го одржувате уредот чист и во него да нема страни честички, отпадни остатоци или прашина. Секогаш задолжително затворајте го капакот по употребата. За оптимално искуство, исчистете го уредот по 20 консумации. Уредот lil SOLID Ez може да го исчистите на два начини: со чистач (се испорачува заедно со уредот) и со автоматско чистење*.

Чистење со помош на чистачот од оригиналниот комплет:

За да ја употребите четкичката за чистење, внимателно отворете ја онаа страна со знак со неколку точки.
За да го употребите бришачот за чистење, внимателно отворете ја онаа страна со знак ⊙ (крукче).
Отстранете го капакот од оладениот уред.
Вметнете го бришачот за чистење во грејната комора и исчистете ја така што ќе го вртите бришачот.
Вметнете ја четкичката за чистење во грејната комора и исчистете ја така што ќе ја вртите четкичката.

Автоматско чистење*:

Брзо притиснете го копчето 5 пати (во рок од 2 секунди).
Портокаловото ЛЕД-светло за статус ќе затрепери во траење од 90 секунди, тоа значи дека уредот почнува да се чисти.
Кога ќе заврши процесот на чистење, ЛЕД-светлото автоматски ќе се исклучи, а уредот ќе завибрира два пати.
Автоматското чистење претставува загревање на остатоците залепени на грејачот.
*Грејачот може многу да загрее, затоа не дозволувајте ништо да дојде во контакт со него за време на автоматското чистење или потоа.


За најдобро искуство со уредот lil SOLID Ez по чистењето со чистачите, користете ги IQOS стапчињата за чистење за да имате искуство со помалку непријатни мириси.

Постојано црвено светло во траење од 3 секунди со две вибрации -> ниско ниво на батеријата
Уредот треба да се наполни


Црвеното светло трепери 5 пати -> дефект на уредот
Ресетирајте го уредот така што ќе го држите копчето притиснато 8 секунди, дури и ако уредот завибрира по само 2 секунди.


Портокаловото светло трепери 3 пати -> уредот треба да се олади или го надминува опсегот на работната температура
По 3 последователни консумации (во рок од 18 минути), портокаловото светло покажува дека уредот треба да се олади. Уредот автоматски се поставува во режим на ладење. Почекајте. Ќе требаат 3 минути и 30 секунди пред да може да го консумирате следниот патрон.
Ова може да значи и дека температурата на уредот го надминува опсегот на работната температура од 0~40 ℃. Почекајте да се олади уредот.


Портокаловото светло трепери 2 пати -> навлегла течност
Веднаш престанете да го користите уредот и не користете го додека не престане да трепери светлото. Ако светлото не престане да трепери, контактирајте ја нашата корисничка поддршка на 0800 77 077 или посетете ја IQOS зоната.


Трепери зеленото светло и уредот не реагира -> уредот е во режим на ажурирање
За да го прекинете процесот на ажурирање, исклучете го уредот од изворот за напојување со енергија.

Силната миризба може да биде последица од нередовно и нецелосно чистење. Препорачуваме редовно чистење на уредот, по консумирање на едно пакување патрони.


Ако продолжите да го користите уредот, а претходно не ги отстраните остатоците од тутун, уредот може да ги загрее тие остатоци, што ќе предизвика силна миризба.

IQOS не е без ризик. Ослободува никотин кој создава зависност. Само за полнолетни.