Новиот IQOS ILUMA со патроните специјално дизајнирани за уредите IQOS ILUMA го носи загреаниот тутун на следно ниво на искуство. Неговата иновативна Технологија на индукциско загревање™ го загрева тутунот од внатрешноста на патронот , наместо да го согорува, за подобро, почисто и попријатно искуство. Дополнително, продолжува да испушта во просек 95% пониски нивоа на штетни хемикалии во споредба со цигарите. Важна информација: тоа не мора да значи 95% намалување на ризикот. IQOS не е без ризик. Иновативната технологија ги подобрува и издигнува моментите на тутун, додека интуитивните функции и прилагодувањето Ви овозможуваат да го персонализирате Вашиот уред според Вашите вкусови и потреби. Исто така, уживајте во поддршката и привилегиите што Ве инспирираат со нашите секогаш достапни алатки за решавање проблеми, стручна поддршка и ексклузивни искуства. IQOS ILUMA се користи само со патрони специјално дизајнирани за уредите IQOS ILUMA. Немој да користите IQOS ILUMA и патрони специјално дизајнирани за IQOS ILUMA уреди со претходни генерации на IQOS уреди, бидејќи тоа може да го оштети вашиот уред. Не голтајте или расклопувајте патрони специјално дизајнирани за IQOS ILUMA уредите. Овој производ содржи остар метален дел кој може да предизвика сериозни повреди доколку се проголта. Да се чува надвор од дофат на деца. За повеќе детали, погледнете Важни информации на iqos.com. *95% помалку се однесува на просечното намалување на нивоата на целиот опсег на штетни соединенија (со исклучок на никотин) во споредба со чадот од референтната цигара. Погледнете важни информации на iqos.com.
IQOS не е без ризик. Ослободува никотин кој создава зависност. Само за полнолетни.